Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу изјави дека Турција бара израелски и египетски договор за воздушен коридор за хуманитарна помош за Газа и евакуација на илјадници ранети Палестинци.
Наспроти лошите односи со Израел, Турција се надева преку врските со палестинските власти да игра улога во посредувањето за воспоставување долготрајно затишје во Појасот Газа.
– Вчера разговарав со палестинскиот претседател Махмуд Абас и сакаме да ги прифатиме ранетите луѓе, кои се илјадници. Ним им е потребна медицинска терапија и ние веќе одвоивме места во нашите болници за нив, рече Давутоглу, истакнувајќи дека примирје може да се одржи само ако се обезбедат основни потреби како што се струја, вода и медицинска помош.
Во Турција во последните неколку недели имаше повеќе протести против офанзивата на Израел во Појаот Газа.