Германската канцеларка Ангела Меркел го повика во телефонски разговор рускиот претседател Владимир Путин да работи за стабилизирање на Украина, се наведува во соопштение на германската влада.
Меркел повторно го повика рускиот претседател да го искористи влијанието над сепаратистите за постигнување на двострано примирје и стабилизирање на ситуацијата.
Германската канцеларка, ја поздрави минатонеделната средба во Минск на тристраната контакт група за Укрина, истовремено изразувајќи загриженост дека сепаратистите се снабдуваат преку Русија.
Кремљ објави дека рускиот претседател Владимир Путин и порачал на Ангела Меркел дека официјален Киев е одговорен за тоа што се случува во југоисточниот дел на Украина.
Путин нагласил дека продолжувањето на воената операција на украинската армија во источниот дел на земјата довело до голем број цивилни жртви и тешки хуманитарни проблеми, се наведува во соопштението на Кремљ, пренесува ИТАР-ТАСС.
Меркел и Путин во телефонскиот разговор ја поздравиле работата на набљудувачите на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, што се наоѓаат на руски-украинската граница.