Историски максимум на обемот на пазарот на уметнички дела

Од:

Глобалниот пазар на уметнички дела забележа раст од 17 отсто во првата половина од 2014 година, надминувајќи седум милијарди долари со што го постигна историски рекорд за овај период од годината, јави дописникот на МИА од Париз.

Според податоците на француската компанија „Артприцем“, која е специјализирана за пазарот на уметнички дела,  продажбите на јавните наддавања на уметнички дела во светот достигнале 7,15 милијарди долари (5,22 милијарди евра). Во првото полугодие на 2013 година беше остравен приход од 6,11 милијарди долари (4,66 милијарди евра.

Рекордна година за пазарот на уметнички дела е 2013 со промет од 12,17 милијарди долари или 9,15 милијарди евра, по падот во 2012 година кој се должеше на намалувањето на продажбата на кинескиот пазар.

На пазарот на уметнички дела првото место го држат САД со 33,7 отсто  учество во продажбата на аукции на слики, скулптури, фотографии и цртежи, со 1,378 милијарди долари, односно со раст од 28 отсто.

Кина е на второто место со удел на пазарот од 27,7 проценти, односно со продажба од 1,97 милијарди долари, што претставуа раст од 6,9 отсто. По неа следува Велика Британија со 1,8 милијарди долари и раст од над 25 проценти, држејќи 25,2 отсто од пазарот.

Франција е далеку зад овие три земји, но е на четвртото место со продажба во вредност од 284 милиони долари, односно намалување од 0,22 проценти и само 3,98 отсто удел на пазарот на уметнички дела.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска