На Филипините загрозен историскиот договор за мир со муслиманите

Од:

Во Манила медиумите известуваат дека е доведена  во прашање „историската спогодба’’ за воспоставување мир и прекин на педесет годишните оружени судири меѓу доминатното муслиманско население и  филипинската армија на најјужниот остров Минданао. Тимот на претседателот Акино и претставници на МОРО ослободителниот исламски фронт во последниве денови се обидуваат да ги усогласат разликите во однос на донесувањето на посебниот закон со кој на муслиманскиот дел на Филипините треба да му с обезбеди автономија, но според извори од претседателската палата Малаканг, има спорови кои тешко ќе се решат.

Евентуалниот прекин на договорите за степенот на автономијата на Минданао, според аналитичарите, ќе доведе до обнова на вооружените судири, а тоа најмногу го посакуваат радикалните исламистички групи меѓу кои се иборците на Абу Сајаф, групација блиска со Ал Каеда.

Покрај загрозувањето на мирот, пропаста на сегашните преговори меѓу филипинската влада и МОРО фронтот ќе го загрозат и економскиот развој на овој дел на архипелагот. По највите дека ќе биде воспоставен мир на Минданао, големи корпорации најавија значајни вложувања, но услов е мир и стабилност на подрачјето кое е на крајниот југ на Филипините и се граничи со Малезија.

Би можело да ве интересира

Најмалку четворица загинаа во авионска несреќа на Филипините

Најмалку 81 лице загина во невремето Трами на Филипините

А1он

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати