Во скопски Карпош вчера околу 15 часот на „Илинденска“ без број е пронајдено телото на М.М. роден 1970 година со повреда од огнено оружје во пределот во градите.
Од полицијата информираат дека извршен е увид на местото на настанот, а телото е предадено за обдукција.
Според првичните сознанија, најверојатно станува збор за самоубиство.