Итна седница на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во Украина

Од:

Русија на денешната итна седница на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во Украина повика на итни мекри за намалување на хуманитарната криза во Источна Украина, на што САД одговорија дека Москва сноси дел од одговорноста за страдањата на тие луѓе.

Најновите податоци покажуваат дека само изминатиот месец поради интензицните борби меѓу украинските и проруски сили во источниот дел на Украина, регионот го напуштиле околу 58.000 лица.

– Кога зборуваме за хуманитарна ситуација, не може да го занемариме фактот дека Русија може да го запре сето тоа. Најбезбеден начин да се стави крај на насилствата е официјална Москва да прекине со испорака на борци, оружје и пари од Русија во Источна Украина, изјави заменичката на американскиот амбасадор во ОН Розмери Дикарло.

Високиот претставник на ОН за хуманитарна помош Џон Хинг на седницата соопшти дека хуманитарната ситуација во Источна Украина се влошува и дека се неопходни итни мерки. Рускиот амбасадор во ОН Виталиј Чуркин ситуацијата во Источна Украина ја опиша како катастрофална и повика ОН да испрати хуманитарна мисија.

– Русија ја повикува меѓународната заедница да преземе итни мерки за подобрување на хуманитарната ситуација во Источна Украина, изјави Чуркин. Дикарло на рускиот повик, одговори дека агенциите на ОН веќе се на терен и помагаат на цивилното население што е без вода за пиење, електрична енергија и медицински материјали. Според податоците на ОН во судирите во Источна Украина од средината на април животот го загубиле најмалку 1.367 лица.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности