Штрајк на грчките новинари

Од:

Неколку грчки новинарски синдикати од денеска во 10 часот организираат 24-часовен штрајк во знак на протест на предлог законот кој ќе влијае врз медиумите, јави дописникот на МИА од Атина.

Синдикатите ја обвинуваат Владата дека се обидува да им служи на интересите на медиумските могули преку амандман, кој во петокот вечерта беше доставен до Парламентот. Тие тврдат дека законот ќе доведе до „спојување и масовни отпуштања во овој сектор“.

– Амандманот им овозможува на медиумските групи да се спојат со изговор за намалување на трошоците, но всушност на задолжените бизнисмени им обезбедува сигурна патека, соопштија синдикатите и повикаа амандманот да се промени.

Барањата на синдикатите следат по вчерашното барање на Сириза законот да биде повлечен.

Според левичарската партија, амандманот е „провокативен“, затоа што со него се овозможуваат масовни отпуштања во секторот, иако за такви отпуштања во другите сектори на економијата постојат строги услови.

Според законот, вработените во иста група компании се третираат како да се од иста фирма и на тој начин им се овозможува на медиумските групи да ги заобиколат ограничувањата за отпуштања. Амандманот, исто така им овозможува на радио станиците да ги променат нивните формати (на пример од вести во музика) со пријава во Националниот совет за радио и телевизија, наместо да ја вратат концесијата на државата и повторно да конкурираат за фреквенција.

Тој, исто така им овозможува на радиодифузерите и издавачите да го задржат данокот кој го плаќаат сите што се рекламираат во нивните медиуми и кој оди за плаќање придонеси за социјално осигурување на вработените.

Би можело да ве интересира

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

Штрајк на грчките новинари

Од:

Новинарите во Грција денеска штрајкуваат против одлуката на Владата, донесена во последен момент, да ги вклучи нивните здравствени фондови во националната шема, јави дописникот на МИА од Атина.

Министерот за финансии Јанис Стурнарас доцна синоќа соопшти дека фондот на новинарите ЕТАП-ММЕ ќе биде споен со Националната организација за здравствено осигурување (ЕОПУУ).

Според ова, како независно осигурување за новинарите останува само ЕДОЕАП фондот, но Сегрчкиот синдикат на новинари (ПОЕСУ) изрази верување дека Владата планира да го укине и ЕДОЕАП. Како реакција на последната мерка на Влада новинарите денеска стапија во 24-часовен штрајк и соопштија дека ќе организираат уште ако Кабинетот не ја повлече оваа одлука.

Според информациите на грчките медиуми, денеска претпладне Владата требало да го повлече амандманот за спојување на здравствените фондови, но се уште не е познато дали е направено тоа

Би можело да ве интересира

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски