Жерновски: Гласањето и одлуките за спорните ДУП-ови се правен преседан

Од:

„Вчерашното водење и носење на одлуки на Советот на општина Центар е правен преседан. Ниту во Република Македонија, ниту во меѓународни рамки не постои можност за донесување на било какви акти, вклучително и одлуки и други прописи без мнозинство гласови, односно со еднаков број гласови “за” и “против”, без разлика дали  притоа еден или повеќе гласачи се изјасниле “воздржано”. Ова не е предвидено дури ни како исклучок. Нашиот правен систем, како и меѓународното право, познава акламативно гласање, квалификувано мнозинство, просто мнозинство, но секогаш актите, одлуките и другите прописи задолжително треба да бидат донесени со мнозинство гласови.

Со вчерашниот начин на работење, односно гласањето по точките од дневниот ред, Советот на општина Центар направи преседан и се вовлече во правен вакум. На самата седница, на ова предупреди и градоначалникот на општината, Андреј Жерновски. Гласањето за двата спорни ДУП- а, Тасино Чешмиче 1 и Водно- Капиштец,  од кои едниот дозволува изградба на десеткатница на Водно,  со 11 гласа “за”, 11 гласа “против” и 1 глас “воздржан” , не обезбедува мнозинство за донесување на законски легитимни одлуки, што е спротивно на одредбите од Деловникот на Советот на општина Центар , Статутот на општина Центар, Законот за локална самоуправа, а со тоа и со Уставот на Република Македонија.

Имено, со сите одредби од Законот за локална самоуправа ( член 41, став 2 и член 62, став 2), од Статутот на општина Центар  (член 32) и од Деловникот на Советот на општина Центар ( член 84), во членовите што се однесуваат на начинот на работа на Советот и донесувањето акти, одлуки и други прописи, експлицитно, јасно и прецизно е утврдено потребното мнозинство гласови за нивно полноважно, легално и легитимно донесување.

Општина Центар и градоначалникот на општина Центар, како орган на општината избран на непосредни избори,  постапувале и секогаш ќе постапуваат согласно позитивните законски прописи и во функција на нивна доследна и конзистентна примена ќе продолжат да ги користат сите расположливи законски надлежности и инструменти за утврдување на законитоста и легитимитетот на оспорените одлуки и одлуките од вчерашното гласање. Согласно Законот за локална самоуправа за ова ќе биде известен и надлежниот орган за вршење надзор над законитоста на прописите на општината, односно Министерството за локална самоуправа и ќе поведат иницијатива за утврдување на уставноста и законитоста на оспорените одлуки и одлуките од вчерашното гласање пред Уставниот суд на Република Македонија“, се вели во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски