Демолиран кафе барот „Њу Орлеанс“

Од:

Кафе барот „Њу Орлеанс“, лоциран на улица „Бит Пазарска“ во Скопје синоќа околу полноќ бил демолиран поради пуштање македонска музика.

Како што информира МВР, околу полноќ во локалот дошло едно непознато лице кое започнало врбална расправија барајќи да не се пушта македонската музика.

Откако лицето заминало од барот набрзо потоа се вратил со неколку млади лица на возраст од 20 до 25 години кои исто така започнале вербална расправија по што искршиле две стакла и компјутер кој бил сопственост на Ди Џејот. Кога вработената сакала да се јави во полиција лицата и го одзеле телефонот и го скршиле удирајќи го од земјата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот како и за пронаоѓање на сторителите.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата