Почна 51. Струмичка ликовна колонија

Од:

Под покровителство на Министерството за култура и Општина Струмица, почна 51. Меѓународна струмичка ликовна колонија. Во галериските ателјеа на Центарот за култура „Антон Панов“ дваесеттина уметници од Италија, Полска, Турција, Словенија, Хрватска, Црна Гора, Србија и Македонија, во наредните 10 дена ќе создаваат нови дела.

Како што изјави директорот на Центарот за култура Иван Јовев, годинава изборот на учесниците е изострен. Тој очекува  квалитетни дела кои ќе го збогатат депото на Уметничката галерија во Струмица.

– Пред нас и нашите гости се денови на дружење, запознавање, размена на искуства, инспирација и творење. Меѓу гостите-учесници е и доаејенот на македонското сликарство, 90-годишниот Цане Јанкуловски, автор на ентериерот на стариот струмички театар, рече Јовев.

Создадените дела премиерно ќе бидат изложени на 11-ти Септември, Денот на ослободувањето на Струмица.

По пет децениското постоење, Колонијата стана белег на културното живеење во Струмица и регионот, а нејзиниот отворен карактер е можност за нови пријателства.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска