Ова се најмирољубиви држави на светот

Од:

„Глобал Пис Индекс“ од 2007 година се занимава со истражување на мирољубивост кај нациите и регионите. Иако во светот се зголемува бројот на воени судири, сепак постојат и држави кои што навистина се залагаат за мир.

Данска

Данска е на врвот на оваа листа поради тоа што навистина е безбедна држава за живот. Иако Копенхаген, главниот град на Данска бил долго време под окупација на нацистите, од Втората светска војна до сега немало судири. Факт е дека жителите на Данска се фокусирани на економски развој, наместо на приклучување во разни вооружени судири, пријателски насторени, отворени и подготвени да помагаат.

Норвешка

Иако поради неодамнешниот инцидент со Брејвик, Норвешка би можела да се смета за опасна држава, тоа воопшто не е така.

Според ГПИ, Норвешка е една од најсигурните држави на светот, место во кое човековите права се на највисоко ниво, каде што властите го ставаат мирот на првото место на своите приоритети.

Сингапур

Станува збор за активен член на меѓународната заедница, кој од прогласување на независноста од 1965 година работи на развивање на добрососедските односи, но и на зголемување на економската стабилност и енергетска независност.

Словенија

Словенија се наоѓа на самиот врв на најбезбедни држави во светот. Според бројот на организиран криминал, насилство и надворешни судири, Словенија е една од високопозиционираните членки на ОН, според безбедноста која им ја дава на своите државјани.

Шведска

И покрај тоа што оваа скандинавска држава е една од најголемите извозници на оружје во Европа, има ниска стапка на кражби и инциденти. Шведска дури 200 години нема војувано со никого и нема учествуво во воени конфликти.

Исланд

Исланд како држава која што се залага за мир, секогаш е на страна за време на големите судири. И покрај тоа што исландските банки пред неколку години доживеаа колапс, состојбата во државата остана сосема мирна.

Белгија

Сместена во самото срце на Европа, оваа мала држава е дом на ЕУ и НАТО. Можеби и токму поради тој факт, Белгија ретко била вовлечена во судири. Преполна со средновекови градови, дворци и преубава природа, Белгија е рај за туристите.

Чешка

Слободно може да се каже дека оваа релативно мала држава од моментот на отцепување од Советскиот блок и Словачка, напорно се залага да стане силно економско седиште. „Хјуман Дивелопмент Индекс“ во 2009 година ја прогласи Чешка за држава во која високо се развиени човековите права.

Швајцарија

Швајцарија која што е позната по сирење, чоколадо, часовници, банки и ножеви е стабилна држава со многу мал број судири. Таа неодамна е прогласен за држава со најмала нестабилност на владата, а како потврда на тоа има најниска стапка на криминал во Европа.

Јапонија

Доколку се суди според културата, Јапонија е една од најфасцинантните држави во светот, каде што стапката на криминал е сведена на минимум. Јапонија е целосно мирољубива држава и покрај тоа што Кинезите и Корејците не би се согласиле со тоа.

Ирска, Финска, Нов Зеланд, Канада, Австрија, Бутам, Австралија, Португалија, Катар и Мауцириус се државите кои според „ГПИ“ исто така и припаѓаат на листата мирољубиви држави во светот.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Данска објави пакет воена помош за Украина од 350 милиони долари

Данска: Победата на Украина во војната со Русија нема алтернатива

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во Данска се гради најголемиот подводен тунел во светот

Пијаниот маж кој ја нападна данска премиерка заврши во притвор

Во нападот данската премиерка здоби полесна повреда на вратот

Физички нападната данската премиерка

Предраг Петровиќ