Денеска од печат излезе пилот бројот на првото списание за хомосексуалци во Турција, „Геј Мег“, што се смета за револуционерен чекор за турската ЛГБТ заедница.
– Сакаме да ги урнеме сите табуа, но чекор по чекор. Многу време чекавме на овој момент. Сосема е нормално да има луѓе кои се против, но сигурно има и такви на кои ќе им се допадне, изјави уредникот на магазинот Емир Акгул.
Во првиот број на списанието ќе биде објавено интервју со познатата турска актерка и пејачка Хилија Авшар, која вели дека ако еден ден нејзината ќерка и соопшти оти има хомосексуални склоности, тоа нема да биде катастрофално за неа. Во бројот е вклучен и напис за пејачката Мараја Кери.
Предвидено е во период од една година магазинот да биде дистрибуиран бесплатно во дел од продавниците во Турција.