Австријанците сметаат дека речиси подеднакво виновни за конфликтот во Украина се Русите и Украинците, се вели во анкета на виенскиот неделник Профил.
Четириесет и четири отсто сметаат дека и Русија и Украина имаат подеднаква одговорност за случувањата во Украина.
На другата страна, 28 отсто Австријци сметаат дека за судирите во Украина виновни се руската Влада, а само седум отсто сметаат дека виновни се украинските власти. Дваесет и иден отсто не дале одговор.