САД: Телото на убиениот американски амбасадор пристигна дома

Од:

Во војната база Ендрјус, Претседателот Обама и државниот секретар Хилари Клинтон ги пречекаа телата на амбасадорот Стивенс и уште тројцата вработени во американскиот конзулат во Бенгази, кои во нападот на екстремисти беа убиени во вторникот навечер.

„Денес им оддаваме последна почит на четворица Американци кои ги дадоа животите за својата држава, нашите идеали и вредности“ рече државниот секретар Клинтон и додаде „народите на Египет, Либија, Јемен и Тунис, не смеат да ја заменат тиранијата на диктаторите со тиранијата на масата“.

„Овие паднати херои, го живееа американскиот идеал“ истакна Претседателот Барак Обама „ ова се тешки денови за Америка, но нашата земја нема да престане да работи за светот и за слободата на угнетените во него“.

Претседателот Обама рече уште еднаш дека одговорните за убиствата ќе бидат изнесени пред лицето на правдата.

Би можело да ве интересира

Трамп: Денес е ден на ослободувањето во Америка

Горан Наумовски

Стармер: Преговорите со САД за трговскиот договор „добро напредуваат“

Баербок: Преговорите меѓу Русија и САД се во ќорсокак

Ритер: САД ќе се согласат со повеќето услови на Русија за решавање на конфликтот во Украина

Кина е најголема закана, САД ќе ја поддржат Европа само со нуклеарно одвраќање против Русија

Али Хамнеи: САД ќе се соочат со силна одмазда ако го нападнат Иран