Средба на Заев со британскиот амбасадор Гарет

Од:

Евро-атланските перспективи на Македонија, моменталната политичка ситуација, меѓуетничките односи, беа дел од темите на средбата на претседателот на СДСМ Зоран Заев и генералниот секретар Оливер Спасовски со амбасадорот на Велика Британија во Македонија Чарлс Гарет.

– Претседателот Заев, на средбата рече дека очекува власта да ја сфати одговорноста што ја има, посебно пред есенскиот извештај на Европската Комисија.

Токму затоа, се надева дека власта ќе ги прифати предлозите на СДСМ за надминување на политичката криза во земјата, стои во соопштението од СДСМ.
Воедно, Заев нагласил дека клучен останува предлогот на СДСМ за формирање техничка влада.

– Амбасадорот Гарет на средбата истакна дека со посебно внимание ги следи политичките и економските случувања во земјата и капацитетите на државата за справување со истите, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Колку платија граѓаните за прославата на ВМРО во Струмица?

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ ја повика СДСМ веднаш да закаже јавна расправа за Законот за игри на среќа

(ВИДЕО) Борозан: Поддршка за ранливите, самохраните родители, лица со попреченост и жртвите на насилство

СДСМ: Максо остана сам да го „одработи“ авансот од Мицкоски

Горан Наумовски

Дојчиновски: Време е институциите да постапат по сомнежите за злоупотреби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС нема кредибилитет да зборува за земјоделието