По гласањето во Центар советниците на СДСМ и коалицијата кажаа дека ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена ги турка сопствените бизнис интереси.
„На нелегален начин ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ги донесе спорните детално урбанистички планови за Тасино чешмиче и Капиштец-Водно. Решителноста на ВМРО-ДПМНЕ да ги оствари сопствените бизнис интереси оди дотаму што гази по човечки судбини. Денешната седница повторно покажа дека процесот против Шиповиќ бил со цел насилно да се преземе советот и власта во Општина Центар. Јавно ги прашуваме што е толку важно во овие ДУП-ови? Зошто даваат иницијативи за 10-катници на Водно, а не даваат за зајакнување на паднатите потпорни ѕидови под Панорама? На чии бизнис интереси се заложници“, прашаа од советничката група на СДСМ и најавија дека со сите механизми ќе се спротивствата на урбаната мафија предводена од ВМРО-ДПМНЕ.