(ВИДЕО) Повторно спорна одлука за 10-катницата на Водно

Од:

11 советници на ВМРО-ДПМНЕ против, а 11 советници на СДСМ и коалицијата го поддржаа решението на Жерновски, за стопирање на спорните планови.

Мирослав Шиповиќ беше воздржан на гласањето, но и при оваа ситуација настана дилема дали плановите се полноважни или не се.

Градоначалникот Андреј Жерновски рече дека не може да бидат донесени никакви акти кога во советот има еднаков број на гласови.

„Ова е грубо кршење на деловникот и ако и ова го потпише Шиповиќ ќе влеземе во правен вакум. Имате 11 за и 11 против, а нема одлука, ова е уште поголема грешка“, рече Жерновски.

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека ништо не е спорно и со ваквото гласање деталните урбанистички планови за Тасино чешмиче и за Капиштец-Водно повторно се во сила.

Би можело да ве интересира

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец