(ВИДЕО) Манчевски до Зврлевски: А каде пишува дека Јанкулоска може да прими 80 илјади евра во кеш?

Од:

На ден пред големиот државен празник Илинден, во време на судските одмори, скришум, Обвинителството соопшти дека нема да поведе кривична постапка против Гордна Јанкулоска за незаконско примање на 80.000 евра во кеш, донација за ВМРО-ДПМНЕ, вели Дамјан Манчевски.

Според него, Ова е уште една потврда дека во Македонија не функционира правната држава. Само уште еден доказ дека не постои одвоеност на владејачката партија од државата.

Јавниот обвинител се правда дека нема да поведе истрага со банални објаснувања, цитира:

„Во Статутот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ во чл.17 не стои одредба според која генералниот секретар е орган на партијата, туку истиот според одредбите на Статутот по функција е член на Извршниот комитет на партијата, при што неговите надлежности исклучително се само во доменот на административно – технички работи.“

Г-ине Зврлевски, каде во Статутот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ пишува дека Гордана Јанкулоска може да прима пари во кеш?

Дали според Вас постои функционер во било која партија кој има овастување да прима 80 илјади евра во кеш?

Доказите кои што СДСМ ги презентираше во јавноста, каса прими, со печат на ВМРО-ДПМНЕ и потпис, Зврлевски ги отфла без графолошко испитување кое со сигурност можело да потврди дали потписот е на Гордана Јанкулоска.
Не се земени во предвид ниту исказите на сведокот Загорац Тумбовски кои го потврдуваат кривичното дело.

Ниту очекувавме, ниту очекуваме Марко Зврлевски професионално и непристрасно да си ја врши својата работа. Презафатен е од балови и журки на кои оди со Груевски и Мијалков.

Деновиве го слушаме Никола Груевски дека не ги разбирал нашите барања за петте точки за преговори.

Е токму за ова цело време говориме г-ине Груевски. Говориме за немањето на демократија, правда и правен систем, слобода за медиумите, оние истите кои денес нема да ја објават оваа прес конференција. Говориме за основни работи.
Се додека не разберете или се правите дека не разбирате, СДСМ нема да ги прифати мандатите на своите пратеници, а вие продолжете да барате грешки и непријатели насекаде.

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството, неговата влада направи нула реформи

СДСМ обвинува дека ДПМНЕ намерно го остава ѓубрето и го саботира ЈСП за инает на Арсовска

СДСМ: Мицкоски зборува за мачнина од судството, а не почна ниту направи ниедна реформа

(ВИДЕО) Димковски: Алармантно, над 20 милиони килограми грозје стои неоткупено

СДСМ: Кој ќе одговара што институциите не ги предупредија луѓето, ги оставија да дишат штетни отрови и не ги евакуираа?

Филипче: Во Кочани, кај семејствата, полицајци, влегуваа кај семејствата после пожарот, да нема протести, да нема никаква организација