Германија го прекина проектот за изградба на воен тренинг центар во Русија

Од:

Германската Влада одлучи целосно да го прекине проектот за соработка меѓу германската компанија „Рејнметал“ и Русија, што беше замрзнат во март поради руската интервенција во Украина, пишува весникот „Зидојче цајтунг“.

Според весникот германскиот вицепремиер и министер за економија Зигмар Габриел „ја одземал дозволата“ изградба и опрема на тренинг центар за руски војници во градот Мулино на реката Волга.

Проектот во вредност од 100 милиони евра беше замрзант во март годинава, откако официјален Берлин донесе одлука за прекин на трговијата на оружје со Москва. Центарот Мулино требаше да обучува до 30 илјади руски војници годишно.

Би можело да ве интересира

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ

Протече планот на Шолц за крајот на војната, офанзивата на Курск ги направи работите многу комплицирани