Лондон испраќа воен брод за евакуирање на Британците од Либија

Од:

Велика Британија ќе испрати во Либија воен брод, кој ќе помогне за евакуирање на британските државјани, соопшти владин претставник.

– Бродот наскоро ќе пристигне и ќе може да превезе и граѓани од други земји, кои сакаат да ја напуштат Либија, која е зафатена од крваво насилство, потврди британскиот претставник.

Телевизијата „Скај њуз“ објави дека кралската воена морнарица го испратила бродот „Ентерпрајз“ во близина на брегот на Либија и тој би можел уште денеска да се закотви во близина на Триполи.

Моментно во Либија се наоѓаат меѓу 100 и 300 Британци.

– Египет ќе обезбеди воздушен мост од Тунис за извлекување од Либија на неколкуилјади Египќани, кои се блокирани на либиско-туниската граница, вети египетскиот амбасадор во Тунис, Ајман Мушарафа.

Околу 6.000 Египќани чекаат да бидат евакуирани, а според Мушарафа владата се ангажира да обезбеди воздушен мост за извлекување на околу 2.000 до 2.500 лица дневно.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски