СДСМ: Антонио Милошоски останува да биде само партиски послушник

Од:

„Антонио Милошоски покажа дека нема никакво чувство за државност. На 2-ри август, денот на националната борба за слобода, ден на обединување, со лаги и измислици се впушти во навреди кон опозицијата. Најнеуспешниот министер за надворешни работи во историјата на Република Македонија и денес останува да биде само партиски послушник, единствената работа која некогаш ја работел.

На секоја ваква изјава на Милошоски и неговите сопартијци, се радува токму грчкиот премиер Самарас.Изјавите на власта дека барањата на граѓаните и опозицијата за демократија и подобар живот не се аргументирани, со радост се дочекани од сите што не сакаат напредок за Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ е деветта година на власт, а Македонија е блокирана во евро-атлантските интеграции. Во времето на СДСМ, Македонија стана кандидат за членство во ЕУ, ги финишира реформите за влез во НАТО и беше почитуван член на меѓународната заедница“, се вели во писмената реакција на СДСМ, на интерјуто на Антонио Милошоски дадено за порталот Прес24.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

(ВИДЕО) Фрчкоски: САД носат специјален закон за Западен Балкан, следуваат и „црни листи“, а се најавуваат и можни санкции

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија