СДСМ: Груевски покажа дека нема основно чувство за државност

Од:

СДСМ реагираше на дел од говорот на Груевски посветен на опозицијата.

„Никола Груевски со ваквата изјава на историски ден за македонската држава, покажа дека нема основно чувство за државност. Не може да ги разбере придобивките за демократска и слободна Македонија.

Груевски срамежливо, но сепак почна да ги признава грешките.

Нема поголема разумност од обезбедување на услови за фер , слободни и демократски избори, како врв на демократијата, што се и крајна цел во барањата на СДСМ.

СДСМ е подготвен за разговори и дијалогот треба да почне. Меѓутоа, доколку Груевски смета дека барањата за обезбедување на фер и демократски избори се неразумни, договор нема да има“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Земјоделците оставени без поддршка, СДСМ бара одговорност од Трипуновски

Горан Наумовски

Поповиќ: Лажен патриотизам на Мицкоски, лажни анкети, а набргу и лажен леб

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Брисел бара измени на Законот за судски совет

Горан Наумовски

СДСМ обвинува: Планот на Владата ќе ја турне државата во уште поголем долг

Горан Наумовски

Мицкоски: Од државотворна партија, СДСМ се претвори во група што брани лични интереси

(ВИДЕО) Кузеска: СДСМ отвори ново поглавје за иднината на Македонија