Обама: САД многу сериозно го разгледуваат ризикот од ебола

Од:

САД многу сериозно го разгледуваат ризикот од смртоносниот вирус ебола и преземаат адекватни мерки, изјави синоќа американскиот претседател Барак Обама.

Тој дополни дека од тие причини, некои учесници на Самитот на африканските земји, кој се одржува во Вашингтон ќе бидат тестирани заради претпазливост.

– Ширењето на епидемијата со ебола во западна Африка е вон контрола, но може да биде спречено, изјави претходно генералниот директор на СЗО Маргарет Чан.

Таа на состанок во Конакри со претседателите на Либерија, Сиера Леоне и Брегот на Слоновата Коска, изрази загриженост заради ширењето на таа смртоносна епидемија.

– Заразата се шири побрзо од нашите напори да ја контролираме. Ако ситуацијата продолжи да се влошува последиците може да бидат катастрофални во смисла на изгубени животи, но и сериозно економско-социјално разорување и висок степен за ширeње во други држави, изјави Чан.

Таа потсети дека се константни мутациите и адаптации на механизми за преживување на вирусот и другите микроби. Чан спомена дека и населението е под висок ризик од зараза, но додаде дека на еболата не смее да и се дозволи слободно да циркулира.

Би можело да ве интересира

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас

Америка: Скијачи загинаа во лавина на планината Лон Пик во Јута

Брнс се врати во Каиро за да преговара за прекин на огнот во Појасот Газа

(ВИДЕО) После серија моќни торнада, 50 луѓе затрупани во урнатините во Мичиген

Горан Наумовски

Америка ја прекина испораката на бомби во Израел

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација