Ѓукановиќ на сослушување, нема докази против Коштуница

Од:

Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ вчера беше сослушан во Врховното државно обвинителство за сознанијата кои ги има во врска со убиството на главниот и одговорен уредник на весникот „Дан“ Душко Јовановиќ.

Претставниците на Обвинителството на сослушувањето побарале од Ѓукановиќ да објасни дали неговите изјави за ликвидацијата на Јовановиќ се од политичка природа или има некои други информации за тоа злосторство, објави денеска „Дан“.

Според сознанијата на весникот, Ѓукановиќ изјавил дека неговите изјави за убиството на Јовановиќ се дадени во политички контекст и оти за налогодавачи зборувал од политичка визура.

Според неофицијалните информации на весникот, Ѓукановиќ не приложил ниту еден конкретен доказ против поранешниот премиер на Србија Воислав Коштуница, кого своевремено го обвини дека стои зад убиството на Јовановиќ.

По истиот повод, во мај беше сослушан и црногорскиот министер за правда Душко Марковиќ.

Јовановиќ беше убиен на 27 мај 2004 година пред редакцијата на „Дан“.

За ова убиство како соучесник беше осуден само Дамир Мандиќ, кому Уставниот суд на Црна Гора му ја укина пресудата од 18 години затвор и наложи ново судење.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски

Уште една жртва од масакрот во Цетиње, почина еден од тешко ранетите

Катерина Ѓуровски

Црна Гора: Спајиќ не присуствува на божиќната литургија поради лошата здравствена состојба

ВИДЕО: 12 минути молк на Цетиње за жртвите од масакрот

(ВИДЕО) Нови снимки: Полицијата обвинета дека лажела за фаќањето на убиецот од Цетиње

Катерина Ѓуровски

Градоначалникот на Цетиње бара меѓународна форензика и оставки на врвот на полицијата

Катерина Ѓуровски