Велика Британија ја затвора амбасадата во Либија и го евакуира целиот персонал поради ситуацијата во земјата која и натаму се влошува, соопшти денеска британското Министерство за надворешни работи.
– Од 4 август сите служби во амбасадата на територијата на Либија ја прекинуваат работата во Либија, изјави претставник на Министерството.
– Група дипломати ќе бидат префрлени од Триполи во Тунис каде ќе продолжат со работата поврзана со Либија, прецизираше тој.
Британската амбасада во Либија ќе биде повторно отворена кога ќе се стабилизира ситуацијата во земјата.