Пица капричиоза, Италија (оригинален рецепт)

Од:

Од едно парче тесто, наполнето со разни филови и доматен сос, италијанците направиле цела историја.

Оригинално, пицата потекнува од Неапол, а приказната е дека на кралицата Маргарита за време на нејзина посета во Неапол и било понудено да проба парче печено тесто со фил кој личел на италијанското знаме: моцарела, доматен сос и ливчиња босилек.

Постојат најразлични видови филови за пица.

Еве некои кои се најпознати:

Пица наполитана (моцарела и домати)
Пица романа (домати, моцарела, сардели, масло, оригано)
Пица кватро стаџони (фил како капричиоза, само распореден на четири дела)
Пица кватро формаџи (четири вида сирење: домати, моцарела, фонтина, горгонзола, страчино, а понекогаш се става и рикота)
Калцоне (на италијански значи: голема чорапа. Преклопена пица со фил од рикота сирење, моцарела и шунка)
Пица маринара (домати, лук, маслиново масло)
Пица маргарита (моцарела, ливчиња босилек и домати)

Сега за пица капричиоза. Ако прашате некој од Италија, кои состојки се користат за подготовка на оваа пица, ќе ви каже дека пица капричиоза има фил од: моцарела, домати, печурки, артичоки, пршута, маслинки и варени јајца (зависи од регионот).

Артичоката е она што ја прави оваа пица посебна и специфична. Варијации на тема пица капричиоза има многу, но артичоките и пршутата (или шунка) се секогаш присутни.

Која е вистинската пица капричиоза? Па се разбира, онаа италијанската. Еве краток рецепт како да ја направите оваа пица дома:

Потребно е:
тенко тесто за пица
1 шолја доматен сос
1 шолја артичока, исечкана на четвртинки
1 шолја моцарела
1 шолја сечени црни маслинки
6 листови пршута
1 шолја печурки, сечкани
2 варени јајца, по желба

Подготовка:

– На тестото за пица распоредете го доматниот сос.

– Потоа, ставете половина од моцарелата, артичоките и маслинките.

– Од горе ставете пак од моцарелата. Посолете и побиберете.

– Печете на 250 степени целзиусови околу 25 минути, додека краевите на тестото не бидат златно кафени.

– На крај, додадете ја пршутата и печете уште 5 до 7 минути.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава