Опозициските партии во Црна Гора и Социјалдемократската партија не успеаа да постигнат договор за формирање власт во Подгорица, после локалните избори одржани пред повеќе од два месеца.
Радио Слободна Европа оценува дека тоа зборува оти вонредни избори во овој момент во Црна Гора се можеби и најреална опција, бидејќи и натаму е непознато која политичка струја има мнозинство во парламентот на главниот град.
Лидерот на СДП Ранко Кривокапиќ изјави дека поради политичките превирања во Позитивна Црна Гора и ставот на носителот на листата Европско лице на Подгорица Драган Богојевиќ за тоа, нема предуслови за реализација на малцинска влада во Подгорица.
Богојевиќ претходно изјави дека поради ваквите околности, не би можел да ја извршува функцијата градоначалник на Подгорица, наведувајќи дека ниту тој, ниту кој и да е друг, може да смета на стабилна поддршка и поради тоа не би можел да преземе таква одговорност.