Филипинскаѕа влада обезбеди финансиска помош на жртвите на ланскиот супер тајфун

Од:

Филипините ќе потрошат 170 милијарди пезоси (околу 3,9 милијарди долари) за помош на жртвите на катастрофалниот супер тајфун што лани го погоди архипелагот. Во налетот на тајфунот „Хаијан“, минатата есен, загинаа 6.100 лица, а над милион семејства останаа без куќи.

Шефот на претседателскиот тим за обнова и помош, Панфило Лаксон денеска соопшти дека финансиските средства се обезбедени од домашни и странски кредити и донации. Според него, до јуни идната година, кога завршува мандатот на сегашниот претседател Бенињо Акино, ќе бидат завршени најмалку 80 посто од работите предвидени за враќање на жиелите на настраданите подрачја во нивните домови.

Голем број филипинци по катастрофата беа примени во соседните држави и САД. Враќање, или евентуално продолжување на привремените дозволи за работа и престој во САД чекаат над 350.000 филипинци погодени од еден од најсилните тајфуни забележани во регионот на Источниот Пацифик.

Би можело да ве интересира

Најмалку четворица загинаа во авионска несреќа на Филипините

Најмалку 81 лице загина во невремето Трами на Филипините

А1он

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати