СДСМ: Власта во очај крие дека наставниците протестираа

Од:

Очајни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски преку манипулативни текстови на провладините медиуми да прикријат дека на улиците низ Скопје, денеска протестираше наставниот кадар, реагира СДСМ на, како што вели, манипулативните текстови на провладините медиуми.

„Лага е дека СДСМ на кој било начин е дел од организацијата на денешниот протест. Обидот по секоја цена, власта да ја инволвира СДСМ во денешните протести не го крие фактот дека наставниот кадар денеска беше јасен и гласен во незадоволството од образовните реформи. Тоа му се случува на Никола Груевски. Незадоволни професори, наставници, ученици, родители“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ бара итна смена на Стоилковиќ: Го обвини за учество во кампања за Вучиќ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Нивниот став личи како да е дојден од некоја испорака од „Али експрес“, Мицкоски за обвинувањата од опозицијата

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус