Русија најверојатно ќе воведе ограничувања на увозот на овошје од Грција, изјави денеска на прес конференција шефот на руската санитарна служба Роселхознадзор, Сергеј Данкверт.
Во осум пратки со праски од Грција откриени се штетни материи, прецизираше тој.
Ограничувања може да бидат воведени и за увозот на живина од САД. Во 2013 година Грција извезла во Русија овошје во вредност од 611 милиони долари, додека увозот на пилешко месо од САД од јануари до април бил 71 милион долари.