Средбата на раководството на СДСМ со американскиот амбасадор Пол Волерс

Од:

Шансите за евро – атлантска перспектива на Македонија, неопходноста од демократски капацитети за решавање на проблемите во државата и состојбата со меѓуетничките односи во земјава беа темите на разговор на денешната средба на претседателот на СДСМ, Зоран Заев и генералниот секретар, Оливер Спасовски со американскиот амбасадор, Пол Волерс.

Zaev, Volers

Претседателот Заев изрази очекување дека власта ќе ја сфати одговорноста што ја има, посебно пред есенскиот извештај на Европската комисија и дека ќе ги прифатипредлозите на СДСМ за надминување на политичката криза. СДСМ останува цврсто на ставот дека нема да се врати во Парламентот додекасе постигне договор по сите 5 барања на опозицијата. Клучен останува договорот за споделена одговорност на власта и опозицијата за обезбедување услови за спроведување на договореното по 4-те точки и за слободни и фер избори, што СДСМ предлага да се реализира преку формирање техничка влада.

Суштинско во овој предлог е власта да не ги има под своја контрола ресорите преку коишто спроведува системска контрола и притисоци врз гласачите, кои немаат можност слободно да ја изразат својата волја.

Американскиот амбасадор Волерс рече дека го следат развојот на политичката и економската ситуација во Македонија, како и меѓуетничките односи и капацитетите на државата за надминување на проблемите. На средбата стана збор и за функционирањето на судскиот систем во Македонија, како и за тужбата на Никола Груевски против претседателот Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за зголемување на платите на пожарникарите

Горан Наумовски

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ нуди план во три точки за да се реши кризата во Скопје