Наумов: Македонија има историски највисок долг на централната влада

Од:

Од своето осамостојување Македонија има историски највисок долг на централната влада. Тоа се неверојатни 3 милијарди и 300 милиони евра, или долг од уште поневеројатни 41 процент од БДП! Министерството за финансии денеска ќе мора да го објави овој историски податок, вели Кире Наумов.

Долгот на централна влада во Македонија, бил повисок, само во 2001-ва година, во време на воен конфликт! Ако се земе предвид јавниот долг, односно долгот на државата, без долговите на Народната банка, тука лежи уште еден историски рекорд, додава тој.

Со последното задолжување од 500-тини милиони евра, јавниот долг изнесува историски највисоки 4 милијарди и 200 милиони евра! Тоа се историски 52 процента од БДП!

Власта на Никола Груевски, успеа да постигне и неколу други рекорди само за 6 месеци од 2014 година. До јуни, Владата реализираше историски највисок дефицит за едно полугодие, од неверојатни 240 милиони евра.

Според него тоа значи дефицит од 3 проценти од БДП, за половина година! За потсетување, тоа е дозволениот максимум на буџетски дефицит за цела година кај земјите членки на ЕУ. За да биде парадоксот поголем истата таа власт на Груевски, којашто за половина година го направила буџетскиот дефицит од 3 проценти од БДП, предлага уставно ограничување на дефицитот, на 3 проценти, на годишно ниво!

До јуни власта на Груевски оствари и историски најголемо потфрлување во вкупните приходи во Буџетот, кои се помали за дури 178 милиони евра од планираните за 2014.

Сега станува јасно зошто се воведува обврската за плаќање придонеси за хонорарците, зошто ќе се воведува ДДВ за најмалите фирми, зошто скокнаа цените на регистрациите и патарините за фантастични 30 проценти…

Затоа што дојде време за плаќање на сметките од погрешните и манипулативни политики на власта на Груевски, што натоварија милионски давачки на грбот на граѓаните.

Овој пат предупредувањата не се само од СДСМ.

За прв пат после неколку години со проценки за висината на задолжувањата на Македонија реагира Мегународниот монетарен фонд. Речиси истовремено, три големи земји, САД, Велика Британија и Германија, директно и синхронизирано, излегоа со критики за фискалната политика во Македонија, отворено изразуваајќи загриженост за одржливоста на долгот и затвореноста на власта за објавување на вистински податоци.

Пораките се пратени. Од Груевски се бара реалноста.

Оттука, за почеток повикуваме Ставрески и Груевски да не манипулираат туку да им соопштат на граѓаните во Македонија колку е сериозна ситуацијата со задолженоста на државата.

Во меѓувреме да се откажат од нивните игри со табели и фалсификати за Бруто домашниот производ, што само за минатата година значеа свесно преценување на БДП од 300 милиони евра.

БДП за 2014 година мора да остане проектиран реално, на околу 8 милијарди и 100 милиони евра, каква што е всушност и проценката на Ставревски во сите документи за оваа година како и на ММФ во своите извештаи за 2014.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Не глумете опозиција, објавете имиња или во спротивно сте соучесници во палењето

(ВИДЕО) Милевски: Борко да си поднесе оставка за резил олимпијадата, Македонија е посрамотена пред цел свет

СДСМ: Поради неспособност на ВМРО-ДПМНЕ ќе ни изгори државата

Горан Наумовски

СДСМ: Дали корупцијата е главен мотив за предавство на националните интереси со „Казанџи Холдинг“?

(ВИДЕО) Илиевски: Над 20 отсто од територијата на Македонија изгоре во пожари, не му оди на Мицкоски со патриотизмот

(ВИДЕО) Шукова: Скопје повторно ќе го издигнеме, со љубов кон градот и заедништво

Горан Наумовски