Протест на Македонците од Голо Брдо против територијалната поделба

Од:

Македонците од областа Голо Брдо, вчера одржале протест против новата мапа за територијално-административна поделба на Албанија.

На протестот, одржан во село Големо Острени, учествувале жители од актуелни општини Острени, Требиште и Стеблево, со барање трите општини да бидат една и да се вика Голо Брдо.

– Не сакаме да се припоиме кон ниту една од општини кои ги предлага Владата. Велат дека имаме ист дијалект и традиции, што не е точно. Не сме против намалување на општините, но да не е на штета на наша штета. Ние сакаме трите општини да бидат во една и да се вика Голо Брдо. Ако не се прифати нашето барање, нема да излеземе на ни едни избори да гласаме, а ќе реагираме и порадикално, велат учесниците во протестот.

Предлог законот за новата територијална поделба треба да биде на дневен ред на денешната седница на парламентот во Тирана.

Освен вербалните несогалсувања, последните денови се почести се протестите, кои ги има речиси во сите делови на земјата. Против новата територијана поделба е и Здружението на локалните единици.Тоа бара да останат 80 до 100 општини, а не како што се предлага со законот 61. Во моментот во Албанија има 373 општини.

Би можело да ве интересира

Мицкоски со дијаспората во Њујорк: Вие сте нашата жива и постојана врска со светот

A1on

Дијаспората ќе гласа само за претседател, нема доволно пријави за изборите на пратеници

Катерина Ѓуровски

Дијаспората незаинтересирана за гласање во Македонија: Досега пристигнати 209 пријави

Османи: Има паника кај граѓани во дијаспората дека после 12 февруари ќе ги загубат работните места и дозволите за престој

A1on

Успешните од дијаспората да напишат мотивациско писмо зошто сакаат брза лента на аеродромите – Османи повторно дели МКарта

A1on

Македонската дијаспора од ЕУ во 2021 година во Македонија испратила 325 милиони евра

Горан Наумовски