ЦИА ги прикривала суровите испитувања и тајните затвори

Од:

Извештајот на Сенатот за суровите методи за испитување и тајните затвори по нападите на 11 септември 2001 година, се заклучува дека ЦИА првично ги прикривала таквите акции од државниот секретар на САД и некои американски амбасадори.

Во таен документ на Белата куќа се наведува дека некои амбасадори што биле информирани за таквата пракса на ЦИА, добиле инструкции за тоа да не ги информираат надредените во Стејт департментот, пренесуваат американските медиуми.

Поранешен висок претставник на ЦИА изјави дека тогашниот државен секретар на САД Колин Пауел, на крајот бил информиран за програмата и бил на состанок на кој се дискутирало за суровите техники на испитување, но можеби не бил информиран кога истите почнале да се користат во 2002 година.

Би можело да ве интересира

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

Шефот на ЦИА: Западот не треба да се плаши од руските закани за нуклеарна ескалација

Горан Наумовски

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

ЦИА: Украина има намера да задржи дел од освоената руска територија на некое време

ВИДЕО: Шефот на ЦИА се сретна со Кури во Приштина

ЦИА: Лидерот на Хамас Јахја Синвар е под притисок да прифати договор со Израел