Поранешен физичар измисли сладолед кој ја менува бојата кога се топи

Од:

Поранешен физичар, кој одлучил да стане готвач, осмисли сладолед „Xameleon“ (Камелеон) што го направил од природни состојки, а со малку помош од познавање на законите на физиката, направи тоа да биде најзабавниот сладолед во светот.

Мануел Линарес (37) посетувал училиште за подготовка на сладодели, каде требало да осмисли сопствен вкус. Кога му кажал на предавачот дека неговиот сладолет ќе ги менува боите, тој му се насмеал. Но Мануел успеал да направи виолетов сладолед кој станува розов кога ќе почне да се топи.

– Знаев дека е можно со малку физика. Сакав да направам нешто ново и поинакво, вели Мануел, кој порано работел како професор по физика.

Состојките се јагоди, какао, бадеми, банани, фстаци, ванила и кикирики, а сладоледот е многу популарен во Барселона, каде Мануел има слаткарница.

Би можело да ве интересира

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Ѓоргиевска: Со заеднички ангажман да ја поттикнеме и поддржиме научно-истражувачката дејност кај жените

А1он

Јапонски научници развиваат вакцина против стареење

Ана Ололовска

Вештачка интелигенција предложи лек за редок рак кај децата

Ана Ололовска

„Стенфорд“: Ајнштајн бил во право за црните дупки

Ана Ололовска

Откриена мистериозна ДНК која асимилира гени од различни организми

Ана Ололовска