ВМРО-ДПМНЕ: Измените на законот за ДДВ не се грабеж на малиот бизнис

Од:

ВМРО-ДПМНЕ се огласи со реакција на денешната прес-конференција на Васко Ковачевски за измените на законот за ДДВ, во кое порачува дека не станува збор за мерка која ќе го натовари малиот бизнис, како и дека таква мерка се спроведува во повеќе држави во Европа.

„Овие измени не се нешто што сакаме да се сокрие или нешто што ќе биде штетно онака како што сакаат да се престави во дел од јавноста.

Се работи за проект кој е дел од нашата програма запишан на страна 20 од програмата за последните парламентарни избори.

Целосна инсинуација е дека со оваа измена се посега во касата на малиот бизнис и тоа воопшто не држи. Оваа мерка нема да падне на товар на малите бизниси, бидејки освен обврски за пресметување, тие ке имаат право на одбивка на ДДВ за влезните фактури. На овој начин се сузбива и сивата економија.

Целта на овој проект е да се зголеми бројот на даночните обврзници кои ќе имаат законска обврска за регистрирање за цели на данокот на додадена вредност. Тоа ќе придонесе за намалување на бројот на правни лица кои не пресметуваат ДДВ, а чија дејност овозможува повисока додадена вредност, како што се услужните дејности, што е причина да немаат интерес за доброволна регистрација за цели на ДДВ“, се вели во дописот од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ