Градските бебиња се поголеми од селските

Од:

Мајките кои живеат во градовите раѓаат поголеми и потешки бебиња во однос на оние кои се од село, но тие деца имаат поголеми шанси за појава на некои здравствени проблеми, како што се прекумерна тежина, хиперактивност или ран пубертет.

Само 14 отсто од светската популација во 1900 година живеела во градовите, но таа бројка до 2008 година се зголемила на 50 отсто. Според предвидувањата на ОН, до 2050 година дури 70 проценти ќе бидат жители на урбаните средини.

Урбаниот начин на живот носи и значително зголемен ризик од хронични здравствени проблеми, како што се ментални болести, болести на имунолошкиот систем, артритис, срцеви болести, рак и проблеми со плодноста.

Научниците откриле дека бебињата родени во град се поголеми и потешки отколку децата родени на село. Но кога ќе се споредат плацентите на мајките од едната и другата средина, се открива дека мајките од град имаат многу повисоко ниво на хемиски загадувачи – ксеноестроген во крвта, а истата супстанца е пронајдена и во крвта на неродените бебиња.

Ксеноестрогените се индустриски хемикалии кои се наоѓаат во испарувањето на бензинот, а во индустриските области ги има многу повеќе од било кое друго место. Тие предизвикуваат забрзан раст на фетусот, но од друга страна се поврзани и со други здравствени проблеми.

Забележано е дека се поголем број деца никогаш не ја напуштаат градската средина. Податоци од Велика Британија укажуваат дека едно од пет британски деца никогаш не посетило село, а 17 осто од нив биле во природа еднаш или двапати.

Децата кои минуваат поголем дел од своето време во затворен простор имаат многу поголеми шанси да станат кратковиди, а причина е недостатокот на сончева светлина.

Растењето во град, исто така, доведува до поголеми шанси за појава на астма и други алергии.

Истражувањето на докторката Глин Луис од Институтот за психијатрија во Лондон покажува дека појавата на шизофренија е двапати поголема кај мажите кои се родени и растеле во градска средина.

Таа заклучила дека луѓето во градовите имаат 39 отсто поголем ризик да заболат од депресија или биполарни нарушувања, а 21 процент се поголеми шансите за анксиозни нарушувања, како што се напади на паника или екстремни фобии.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска