Еболата се заканува на Велика Британија

Од:

Британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд денеска изјави дека смртоносниот вирус на еболата, кој досега предизвика смрт на 670 луѓе во Западна Африка, ѝ се заканува и на Велика Британија.

Засега ниту еден Британец не е заразен, а нема ни регистриран случај на заболен од ебола во Велика Британија, но Владата во Лондон со големо внимание ја следи ситуацијата со ширењето на болеста.

– Овде нема заразени, но заканата е мошне голема, па на неа мораме да одговориме и да бидеме целосно подготвени – изјави Хамонд за Би-Би-Си.

Претставник на здравствените власти во Англија, потврди дека врз едно лице во Бирмингем биле направени тестови, откако лекарите се посомневале дека е заразен со ебола, но се покажа дека не станува збор за оваа смртоносна болест.

На почетокот од овој месец, британските здравствени власти беа алармирани за максимална подготвеност околу заканата од префрлање на еболата на британска почва, а сите лекари беа предупредени да бидат внимателни и да реагираат на секој сомнеж за појава на симптомите на болеста.

Неколку западноафрикански авионски компании прекинаа да летаат кон Сиера Леоне и Либерија, стравувајќи од можноста за ширење заразата. Одлуката е донесена по откривањето на инцидентот, кога еден заразен Либериец, поминал преку најголемиот нигерски аеродром.

Властите во Лондон стравуваат дека преку патувањата на луѓето од Западна Африка кон некој од британските аеродроми, може да се случи опасната зараза да се префрли и на територијата на Велика Британија.

Специјалниот британски комитет за вонредни ситуации КОБРА, со кој раководи Хамонд, денеска одржува седница посветена на состојбата со еболата и за заканата кон Велика Британија.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство