Генералниот секретар на Палестинската ослободителна организација (ПЛО) Јасер Абед Рабо повика денеска на 24-часовен прекин на огнот во Газа, истакнувајќи дека зборува и во име на Хамас.
Рабо изјави дека Израел ќе мора да ги сносни последиците доколку го одбие овој повик.
Хамас се уште не ја коменираше понудата. Портпаролот на израелската Влада Марк Регев изјави дека понудата не е сериозно се додека Израел не ја чуе директно од Хамас, кој владее со Појасот Газа.