Втора победа на македонските ракометарки на СП до 18 години

Од:

Женската ракометна репрезентација на Македонија до 18 години ја оствари втората победа на Светското првенство кое се одржува во нашата држава.

Во натпревар одигран попладнево во СРЦ „Кале“ во Скопје, односно разигрувањето за пласман од 17 до 20.место, Македонија ја победи Ангола минимално со 24:22.

Најефикасна во нашата репрезентација беше Сара Ристовска која постигна седум гола, а Клаудија Ѓорѓиевска придодаде пет. Сепак најзаслужна за победата беше Драгана Петковска која на голот имаше дури 15 успешни одбрани.

Со ова победа црвено-жолтите ќе се борат за 17 место на Мундијалот и тоа во дуел против Тунис кој со 26:22 ја совлада селекцијата на Парагвај. Дуелот против Тунис нашите ракометарки ќе го одиграат утре во терминот од 15 часот и 30 минути.

Во Скопје попладнево на програмата се и дуелите за пласман од 21-24.место: Казахстан – Конго и Узбекистан – Кина, додека осминафиналните натпревари се играат во Охрид и во Струмица.

Би можело да ве интересира

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa