Македонскиот кошаркарски шампион потпиша договори за новата сезона со уште тројца кошаркари. Верноста кон МЗТ Скопје ја продолжи Урош Лучиќ, а нови играчи во тимот од Аеродром се Гиорги Цинцадзе и Марко Пајиќ.
Лучиќ кој лани дојде во тимот на МЗТ Скопје со своите добри игри во финалната серија беше еден од најзаслужните за освојувањето на двојната круна.
Грузиецот Цинцадзе (28 години, 192см), настапува на бековската позиција. Во својата играл за ЦСКА Москва, Динамо Москва, Тарту Рок, Трефл Сопот, Олимпиа Тбилиси и Будивелник од Киев. Цинцадзе е и стандарден член од првата петорка на грузиската кошаркарска репрезентација.
Марко Пајич (21 година,204см) игра на позицијата крилен центар. Во минатите две сезони настапуваше за екипата на Крка, а беше член и на младата репрезентација на Словенија.
Со новите три ангажмани, тимот на МЗТ Скопје Аеродром предводен од новиот тренер Змаго Сагадин за престојната натпреварувачка сезона веќе има обезбедено 11 играчи кои се под договори: Александар Костоски, Бобан Стајиќ, Горјан Марковски, Кирил Николовски, Љубомир Младеновски, Михајло Арсоски, Александар Цветковиќ, Иван Маринковиќ, Урош Лучиќ, Гиорги Цинцадзе и Марко Пајич.
Актуелниот шампион подготовките за новата сезона ќе ги стартува на 4 август.