Еболата стигна во град со 21 милион жители

Од:

Нигерија ги засили мерките на гранична контрола по потврдата дека еден Либериец починал од ебола во градот Лагос, што е прв случај на таа болест во Нигерија.

Заболениот Либериец кој паднал по доаѓањето во Лагос во неделата, бил пренесен во аеродромската болница каде бил ставен во карантин, но починал во вторникот. Идентификуван е како 40-годишен државен службеник од Либерија.

Нигерија денеска прогласи состојба на највисока готовност откако е потврдено дека Либериецот кој починал во таа земја имал ебола.

Од февруари повеќе од 660 луѓе починале од ебола во западна Африка, каде изби досега најтешка епидемија на таа болест на светот.

Би можело да ве интересира

Разговараа Трамп и Путин

Предраг Петровиќ

Трамп Јуниор му се потсмева на Зеленски: „Уште 38 дена до губење на џепарлакот“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Украина е пред судбоносна одлука: Ќе се повлече ли пред 50 илјади руски и корејски војници

Трамп победи и во Аризона, ги освои сите седум клучни држави

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Москва нападната со дронови, затворени аеродромите

Предраг Петровиќ