Форензичарите вчера ја идентификуваа првата од 298 жртви од патничкиот авион Боинг 777 на компанијата „Малезија ерлајнс“, кој минатата недела се урна во Украина, соопшти холандската Влада.
– Идентификувана е првата жртва од летот МХ17, објави холандското Министерство за правда, додавајќи дека жртвата е Холанѓанец и оти за тоа е известено неговото семејство и градоначалникот на градот каде живеел.
Но, Министерството за правда не го открива идентитетот на жртвата.
Холандија е задолжена за идентификавција на сите жртви од авионската несреќа што се случи на 17 јули. Меѓу загинатите 193 жртви биле холандски државјанин. Во Холандија се префрлени 227 тела.