ВМРО-ДПМНЕ и во прашањата на СДСМ за листеријата гледа политика

Од:

На денешната прес-конференција на Гоце Чакароски од Централниот одбор на СДСМ, на која тој упати повеќе прашања за реагирањето на институциите во случајот со бактеријата листерија, од која почина четиримина, меѓу кои и едно новороденче, реагираше ВМРО-ДПМНЕ. Наместо евентуално реакција од Министерството за здравство, се јави Центарот за комуникации на владејачката партија, со реакција во која, како и многупати досега, се повторува обвинувањето дека „СДСМ само сака да спечали политички поени“.

„СДСМ по навика како и секогаш се обидуваат на нечија мака да ќарат политички поени. Со неетичките обвинувања кои ги изнесоа, тие повторно докажуваат дека не ги интересира ништо друго освен извлекување на политичка корист од настанатата ситуација“, почнува реакцијата.

Потоа Центарот за комуникации на владејачката партија на изразениот сомнеж од СДСМ дали навистина станува збор за соодветен потег да се поднесе кривична пријава против непознат сторители, вели дека станува збор за вистина реакција за да се расчисти ситуацијата.

„Поднесувањето кривична пријава воопшто не станува збор за панична реакција, туку станува збор за реакција во правец на целосно расветлување на ситуацијата.

Не е возможно поднесувањето на кривична пријава и активирање на целиот истражен апарат во функција на откривање на одговорните и нивно изведување пред лицето на правдата да биде панична реакција, туку напротив, неподнесувањето на кривична пријава ќе отвореше многу сомнежи.

Министерството за здравство во рамки на своите надлежности, но и надвор од своите надлежности, презема мерки кои се предложени од експерти, професори, специјалисти по инфективни заболувања.

Од друга страна СДСМ си продолжува со својата политика на секритика. Наместо еднаш да се надминат себеси и во вакви случаи на состојба на можна епидемија да дадат предлози за надминување на состојбата, пробуваат да извлечат политичка корист од една ваква здравствено сложена ситуација. Високоетички политички потег карактеристичен за СДСМ“, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ, покажуваат бројките на партијата