СДСМ: Груевски да каже дали се развива епидемија со бактеријата листерија

Од:

СДСМ бара власта на Никола Груевски веднаш да ја извести јавноста во Македонија, дали ситуацијата со бактеријата листерија се развива кон епидемија.

Дали власта, преку реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ попладнево најави можност за епидемија од бактеријата листерија, прашуваат оттаму?

ВМРО-ДПМНЕ освен што го навестува ова во соопштението, нема одговор за документот што отвора сериозни сомнежи за задоцнети реакции од државните органи.

Ги повикуваме Груевски и Тодоров, наместо да бараат солидарност во одговорноста на институциите што ги раководат кадри на ВМРО-ДПМНЕ и нивните партнери, веднаш да објаснат:

Што е преземено откако Институтот за јавно здравје алармирал на „невообичаено голем број докази, за присутност на бактеријата во случаи со смртоносни последици, во краток временски период?“

Откако Комисијата за заразни болести, после месец и половина од првиот смртен случај, на 10-ти јули, констатирала висока стапка на смртност од бактеријата:

-Дали надлежните органи ги засилиле мерките за безбедност на храна?

-Дали се спроведени континуирани контроли за хигиена во производствата?

-Дали како што е препорачано надлежните служби особено ја зајакнале контролата врз производството и преработката во месната и млечната индустрија и контролата во трговијата?

-Дали бил издаден налог на граничните случби за зајакнати контроли на храната од увоз?

Еве го документот. Сега дајте и ги одговорите на јавноста.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Испрати ли Владата на Груевски барање за екстрадиција на Груевски?

(ВИДЕО) Кузеска: Инфлација 5,7%, празни фрижидери, празни џебови, сиромаштија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот