А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Ставрески: Платите во јавниот сектор повисоки во октомври, пензиите догодина

by А1он26/07/2014 - 16:17135
Share0

Во октомври ќе има покачување на платите за јавната администрација, а следната година и ново покачување на пензиите, најави денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во одговор на прашање по увидот во градежните работи на свлечиштето кај Кратово.

Следете a1on на Instagram Instagram

Тој истакна дека и покрај големите предизвици со кои на економски план се соочуваат во регионот и светот што доведе до намалување на платите и пензиите во повеќе држави, Владата на Република Македонија успева да оржи макроекономска стабилност и да ги зголеми платите и пензиите.

– Неодамна Србија објави дека ги намалува платите и пензиите за 10 отсто, а истото го направи и Португалија. Во некои земји се воведуваат и даноци на пензии, но ние сме далеку од тоа. Со здравите економски политики ќе успееме не само да не дојде до такви случаи, туку и да го реализираме она што е ветено кон граѓаните, а тоа е зголемување на платите во јавниот сектор, почнувајќи со платата за октомври годинава, рече Ставрески.

Покачување на пензиите, додаде, ќе има во текот на следната година.

Следете a1on на Youtube YouTube

Вицепремиерот и министер за финансии потенцира дека со ваквите економски политики Владата и понатаму ќе ја задржи макроекономската и фискалната стабилност.

– Во вакви времиња кога во другите земји има непопуларни и тешки мерки кои го влошуваат стандардот на граѓаните ние успеваме да се справиме со тешки предизвици и да обезбедиме реален пораст на примањата кои се финансираат од Буџетот, прецизира Ставрески.

vlada

Би можело да ве интересира

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски06/09/2026 - 12:3006/09/2026 - 12:33

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

Горан Наумовски06/09/2026 - 12:12

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски06/09/2026 - 11:3906/09/2026 - 11:47

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

Горан Наумовски06/09/2026 - 09:17

СДСМ: Поткуп земаат дури и возачите на владата на Мицкоски

Горан Наумовски06/09/2026 - 08:43

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

Катерина Ѓуровски07/08/2026 - 11:04
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео