„Од сон до сонце“ мото на годинешното одбележување на 2 Август

Од:

„Од сон до сонце“ е мотото под кое оваа година ќе биде одбележан најголемиот македонски празник – 2 Август, на кој се слави јубилеј 70 години од АСНОМ и 111 години од Илинденското востание.

Како што изјави на денешната прес-конференција владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, согласно владината Програма за одбележување на националниот празник која беше усвоена на последната седница на Владата, предвидени се низа активности од спортски, културен, едукативен и државнички карактер.

– Она што го изградиле нашите предци е најцврст темел на којшто ја градиме нашата иднина. Сонот за којшто тие се бореле е слободата која што денес ние ја живееме. Да продолжиме да се движиме напред кон сигурна иднина затоа што секоја наша нова победа денес е нов Илинден за следните генерации. Тоа е пораката која што сака Република Македонија да ја испрати оваа година во врска со одбележувањето на 2 Август и на тој начин симболички да се поврза минатото, сегашноста и иднината како најдобар ориентир овие вредности коишто биле промовирани во минатото да се искористат во актуелната ситуација, со цел да се обезбеди подобра иднина за сите граѓани на Македонија и подобар развој на нашата земја, рече Ѓорѓиев.

Тој посочи дека во одбележување на програмата ќе бидат вклучени Сојузот на борците од НОБ, Македонската академија на науките и уметностите, националниот сервис МРТ, а со свои активности ќе се вклучат и сите општини во Републиката.

На централната свеченост во Скопје ќе се обрати претседателот на државата Ѓорге Иванов, на собирот во Крушево ќе се обрати претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, а во Пелинце премиерот Никола Груевски.

И оваа година ќе биде организиран бесплатен превоз за сите граѓани кои ќе сакаат да присуствуваат на прославите по повод 2 Август во Крушево и во Пелинце. Распоредот на тргнување на автобусите ќе биде објавен во текот на неделава.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Ќе се залагам за градење и одржување силни и цврсти односи со сите значајни меѓународни партнери

A1on

Љутков: Очекувам гласање за новата влада во Собранието околу 20 или 22 јуни

A1on

Во вторник во Собрание ќе биде доставен составот на новата влада

Течат роковите за формирање на новата влада која ќе има 20 министерства

Мицкоски мандатар за состав на влада

Мицкоски го добива мандатот, ќе формира влада во нов формат