(ВИДЕО) СДСМ: 4 жртви од бактеријата, како што се тврди, навистина е аларм!

Од:

Дали најавата од министерот за здравство за кривична пријава против непознат сторител, за последиците од бактеријата листерија, е панична ограда од пропусти кај надлежните државни институции, праша Гоце Чакароски, член на Централниот одбор на СДСМ.

Дали можеби има задоцнување во реакцијата на надлежните од појавувањето на првиот случај, праша тој.

4 жртви од бактеријата, како што се тврди, навистина е аларм.

Во продолжение целата прес конференција:

Но зошто се молчело, по првиот случај со смртоносни последици?

Оттогаш се поминати месец и половина, коишто однесоа уште 3 човечки животи, меѓу кои и на новороденче.

Кој се знаел што се случува?

Овие прашања ги отвора оваа Информација за пријавени заразни заболувања со докажан причинител Listeria, во периодот јуни – јули.

Подготвена е од Секторот за превенција и контрола на заразните заболувања, Одделение за следење и надзор над заразните болести.

Од информацијата произлегува дека се почнува со еден случај во март, еден во мај, а зголемување на бројот на заболени е регистрирано од 1 јуни.

Во информацијата стои дека Институтот за јавно здравје алармирал на невообичаено голем број докази, за присутност на бактеријата во случаи со смртоносни последици, во краток временски период.

Не е наведено кога и кого алармирал, и дали и кој требало да реагира.

Но Комисијата за заразни болести се состанала на 10-ти јули и тогаш, тоа значи пред повеќе од две недели, се донесени заклучоци.

Токму тие заклучоци упатуваат на сомнеж за затајување на надлежноста на институциите.

Во заклучоците е констатирана „висока стапка на смртност“ од бактеријата!
Се бара: будност, засилување на мерките за безбедност на храна, СПРОВЕДУВАЊЕ КОНТИНУИРАНА КОНТРОЛА за хигиената во производството и вереринарната пракса.
Се препорачува „НАДЛЕЖНИТЕ СЛУЖБИ ОСОБЕНО да ја зајакнат контролата врз производството и преработката на храна во месната и млечната индустрија и контрола на трговијата со овие производи“. ГРАНИЧНИТЕ ИНСПЕКЦИСКИ СЛУЖБИ ДА ЈА ЗАЈАКНАТ КОНТРОЛАТА НА ХРАНА ОД УВОЗ…

Кои се институциите до коишто бил испратен овој документ и дали е постапено по него?

Дури завчера излегоа препораките од Министерството за здравство како да се однесуваат граѓаните кон храната!

Дури вчера Никола Тодоров најави теренски активности на службите. Само два дена претходно директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство даде изјава во којашто рече дека фирмите сами носеле мостри за анализи.

СДСМ изразува загриженост за начинот на реагирање на повиканите органи за вакви ситуации.

Бараме одговори и одговорност од државните институции, наместо формални најави за кривични пријави, кон непознат сторител.

Би можело да ве интересира

Раководството и сите членови на Извршниот одбор на СДСМ поднесоа оставки

А1он

Филипче најави парцијално освежување на тимовите во делот на раководството на СДСМ

А1он

(ВИДЕО) Огњеновиќ: СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендерите од девет милиони евра, заедно со сите докази

Горан Наумовски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Вториот вработен во фирмата со тендри од девет милиони евра поврзан со УБК на Мијалков и уништувањето на опремата, објави СДСМ

Арсовски бара јавно извинување од СДСМ и нагласува дека нема никаква поврзаност со фирмата „Дигитал оне“

Катерина Ѓуровски