Меѓународните кредитори денеска ја завршија својата петта ревизија на кипарската економија и соопштија дека земјата постигнала „добар напредок“ по минатогодишниот спасувачки план, иако пред неа се уште остануваат некои клучни предизвици.
Претставниците на кредиторите (Европската комисија, Меѓународниот монетарен фонд и Европската централна банка) соопштија дека финансиските резултати на Кипар се во согласност со планот и дека банкарскиот сектор почнал да се стабилизира.
Но, кредиторите посебно внимание посветуваат на тоа што за 50 отсто се зголемиле лошите кредити од внатрешните банкарски заеми и дека овој проблем треба да биде решен.
– Клучниот предизвик е решавање на прашањето со лошите кредити, изјави висок претставник на Европската унија. – Во моментов лошите кредити надминуваат 50 проценти од внатрешните кредити. Наполно јасно е дека е тоа проблемот што треба да се реши, изјави анонимниот извор од ЕУ.