Нема зголемена фреквенција на ГП „Богородица“ и „Дојран“

Од:

Сезоната на годишни одмори и претстојниот продолжен викенд, денеска не ја зголемија сообраќајната фрекфенција на граничните премини „Богородица“ и „Дојран“.

Дневната динамика на граничниот премин „Богородица“ изнесува околу 20.000 патници дневно во двете насоки односно околу 30.000 патници за време на викендите. Од таму ГП „Богородица“ велат дека досега нема поголеми отстапувања од овие бројки и оти за време на најголемите налети на туристи, возилата се пропуштаат преку седумте коловозни ленти.

Во најголемите шпицеви задржувањето на границата заради обавување на царинските формалности изнесува најмногу од 15 до 20 минути.

Релаксирана е состојбата и на граничниот премин „Дојран“ каде вообичаено повеќе патници има на излез од земјава поради зголемено транзитирање низ овој премин на туристи од Србија кои патем сакаат да го видат и Дојранското езеро.Тука, автомобилите и автобусите се задржуваат околу пет минути.

Зголемување на фрекфенцијата на двата гранични премини може да се очекува утре на првиот ден од продолжениот викенд,на излез од земјава и в понеделник во попладневните часови на влез во земјава.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево